Известување за граѓаните – земјена дезинсекција за заштита од комарци

Општина Крива Паланка ја информира јавноста дека на ден 18.07.2024 година (четврток) во попладневните часови после 19:00 часот  ќе се врши земјена дезинсекција за заштита од комарци.

Земјената дезинсекција ќе се изврши во централното градско подрачје, градски плоштад, градски парк и  речно корито во близина на градскиот парк.

Се замолуваат граѓаните да избегнуваат задржување на овие локации како би можело да се спроведе успешна акција на земјена дезинскеција за заштита од комарци.

                                                                                      ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
Градоначалник,
Сашко Митовски

Големина на фонт
Контраст