Врз основа на член 35 од Деловникот на Советот на Општина Крива Паланка („Службен гласник на Општина Крива Паланка“ бр. 5/08), претседателот на Советот на Општина Крива Паланка с в и к у в а 11-та седница на Советот на Општина Крива Паланка за 24.12.2009 година (четврток) во 14 часот.
Седницата ќе се одржи со следниот
Д н е в е н р е д:
1. Предлог – Буџет на Општина Крива Паланлка за 2010 година;
2. Предлог – Одлука за извршување на Буџетот на Општината Крива Палнака за 2010 година; и
3. Предлог – Одлука за донесување на Годишна програма за изработка на урбанистички планови и локална урбанистичка планска документација во Општина Крива Паланка за 2010 година.