Известување за привремен граничен премин во село Калово, Општина Трговиште

Почитувани граѓани,
Ве известуваме дека на 08.09.2024 година, во период од 09.00 до 22.00 часот се отвара привремен граничен премин во село Калово, Општина Трговиште, Република Србија и се овозможува непречено движење на жителите на Општина Крива Паланка и жителите на Општина Трговиште на дражавната граница помеѓу Република Северна Македонија и Република Србија.
За преминување на државната граница преку привремениот граничен премин потребно е физичкото лице да ги исполнува следните услови:
– Да е државјанин на РСМ, односно РС и
– Да поседува патен документ (лична карта или пасош) издаден согласно националното законодавство од надлежен државен орган на Република Северна Македонија, односно Република Србија, со кој може да се утврди идентитетот на лицето.
Граѓаните непречено може да ја преминуваат државната граница пешки, со користење на патнички автомобил, мопед или велосипед.

Големина на фонт
Контраст