Врз основа на член 62 и член 10 од Законот за урбанистичко планирање („Сл.весник на РСМ“ бр.32/20 и 111/23) и член 23 од Статутот на општината Крива Паланка („Сл.гласник на општината Крива Паланка“ бр. 08/10, 08/14, 02/18, 03/19, 08/21, 01/23 и 05/23) градоначалникот на Oпштина Крива Паланка го дава следното
Изработката на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за формирање на градежна парцела со намена Г3.1-автомобилски сервиси на КП609/4 и КП735/4 КО Варовиште Општина Крива Паланка ќе се одвива во рамките на следниот опфат:
Проектниот опфат кој е предмет на уредување со Урбанистички проект, целосно ги зафаќа КП609/4 и КП735/4 КО Варовиште Општина Крива Паланка.
Површината на опфатот изнесува 539.63 м², односно 0.053 ха.
Опфатот на Урбанистичкиот проект е дефиниран во следните граници:
- на северозапад граничи со кп.бр.609/2, и кп.бр.735/3 КО Варовиште
- на североисток граничи кп.бр.610/1,КО Варовиште
- на југоисток граничи со кп.бр 609/1, КО Варовиште
- на југозапад граничи со изведен асфалтиран пат на кп.бр.735/1, К.О Варовиште
Проектна документација се изработува по прифатена иницијатива за изработка на урбанистичка документација од страна на Комисијата за урбанизам на Општина Крива Паланка.
Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за формирање на градежна парцела со намена Г3.1-автомобилски сервиси на КП609/4 и КП735/4 КО Варовиште Општина Крива Паланка ќе се спроведе со објава на урбанистичкиот проект на официјана службена веб страна на Општина Крива Паланка : www.krivapalanka.gov.mk
Јавната анкета ќе трае 15 дена од денот на објавувањето на Соопштението, започнуваќи од 09.10.2024 година заклучно до 28.10.2024 година.
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со проектот можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.
Пристигнатите забелешки ги разгледува Комисијата за урбанизам во Општина Крива Паланка која составува записник со образложение за прифаќање и неприфаќање на забелешките, што се објавува на службена веб страна и му се испраќа на изработувачот на урабанистичкиот проект за да ги вгради во планско-проектната документација.
Општина Крива Паланка
Градоначалник
Сашко Митовски