Согласно со чл. 51.став 2 Од Законот за јавните патишта (службен весник на РМ бр. 84/08, 52/09, 114/09, 124/10, 23/11, 53/11, 44/12, 168/12, 163/13, 187/13, 39/14, 42/14, 166/14, 44/15, 116/15, 150/15, 31/16, 71/16 и 163/16, 174/21, 253/23), Општина Крива Паланка го објавува следново:
СООПШТЕНИЕ
Почитувани граѓани,
Почнувајки од 16.10.2024 год. ќе започне со реализација проектот за:
„Изградба и Реконструкција на дел од ул. Св.Јоаким Осоговски на потегот од Соларски Мост до Градски Музеј (крак позади пошта)
Поради изведување на градежни работи во текот на градежните активности сообраќајот ќе се одвива во отежнати услови, а во одредени периоди ќе има повремен или целосен прекин на одвивањето на сообраќајот, согласно режимот на сообраќај утврден со сообраќајниот проект.
Се молат граѓаните да имаат разбирање за горенаведеното и да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и инструкциите од изведувачот на делот од улицата каде се одвиваат градежни работи.
Општина Крива Паланка
Градоначалник
Сашко Митовски