Почитувани граѓани и граѓанки,
Oпштина Крива Паланка, во периодот од 18-ти октомври до 10-ти ноември 2024г. ќе реализира РОДОВО ОДГОВОРЕН БУЏЕТСКИ ФОРУМ со цел партиципативно и транспарентно родово одговорно изготвување на буџетот на општината за 2025 година, заедно со граѓаните.
Првата форумска сесија – работилница, ќе се одржи на 18-ти октомври, 2024г. (петок) со почеток од 12 часот, во атриум салата во ООУ „Јоаким Крчовски“.
Општината низ еден широк и транспарентен начин ќе реализира оперативно РОДОВО ОДГОВОРНО ГОДИШНО ПЛАНИРАЊЕ И БУЏЕТИРАЊЕ согласно стратешките развојни приоритети на општината утврдени во Родово одговорната Стратегија за одржлив развој (2022-2027).
Целта на буџетскиот форум е граѓаните да добијат целосен увид во приходите и расходите на општината и со свои предлози да учествуваат во креирањето на буџетот, во рамките на стратешкиот развоен план и приоритетите за развој на општината за наредната година.
Вашето директно учество и придонес во креирањето на буџетот на Општина Крива Паланка за 2025 година, е од голема важност и интерес за сите нас .
Сите заинтересирани граѓани можат да учествуваат на форумот и затоа ги покануваме сите кои имаат можност, да ни се приклучат и бидат дел во креирањето на буџетот за 2025 година.
Општина Крива Паланка
Градоначалник
Сашко Митовски