Известување – Не е безбедна водата за пиење и користење од две локални чешми во населено место Дурачка Река

Известување

Не е безбедна водата за пиење и користење од две локални чешми во населено место Дурачка Река

До Општината Крива Паланка од страна на  Агенцијата  за храна и ветеринарство – Подрачна единица Крива Паланка  се пристигнати  Извештаји  од спроведено тестирање и анализа   на вода од две чешми  кои  покажуваат   дека  земените мостри на вода од Стојанчева чешма  и од чешма спроти школо во  Дурачка река во однос на физичко -хемиската анализа не одговара на законските прописи за здравствена безбедност на вода односно   истата  не е безбедна за пиење и користење  заради зголемен вкупен број на колиформни бактерии и присуство на Escherichia coli – индикатор на фекално загадување на водата.

За да може истата да се користи потребно е да се изврши дезинфекција  на овие водоснабдителни објекти

Од тие причини се известува месното население – корисници на наведените  локални водоводи и чешми  дека  е забрането понатамошно користење на водата се до нормализирање на квалитетот на водата.

Големина на фонт
Контраст