Врз основа на член 62 и член 10 од Законот за урбанистичко планирање („Сл.весник на РСМ“ бр.32/20, 111/23, 171/24 и 224/24) и член 23 од Статутот на општината Крива Паланка („Сл.гласник на општината Крива Паланка“ бр. 08/10, 08/14, 02/18, 03/19, 08/21, 01/23 и 05/23) градоначалникот на Oпштина Крива Паланка го дава следното
Изработката на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на водоводна инфраструктура за „Калин Камен“ КО Б`с, КО Кркља и КО Варовиште Општина Крива Паланка ќе се одвива во рамките на следниот опфат:
Проектниот опфат кој е предмет на уредување со Урбанистички проект за линиска инфраструктурна градба за водоводна инфраструктура, КО Б`с, КО Кркља и КО Варовиште, Општина Крива Паланка, е со површина од 69.843,03 м2 (6.98ха) и претставува земјиште на кое се поставува канализациона мрежа во должина од 14.314,63 метри.
Проектна документација се изработува по програма на општината и прифатена иницијатива за изработка на урбанистичка документација од страна на Комисијата за урбанизам на Општина Крива Паланка.
Јавниот увид на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на водоводна инфраструктура за „Калин Камен“ КО Б`с, КО Кркља и КО Варовиште Општина Крива Паланка ќе се спроведе со објава на урбанистичкиот проект на официјана службена веб страна на Општина Крива Паланка : www.krivapalanka.gov.mk
Јавната анкета ќе трае 15 дена од денот на објавувањето на Соопштението, започнуваќи од 03.12.2024 година заклучно до 19.12.2024 година.
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.
Пристигнатите забелешки ги разгледува Комисијата за урбанизам во Општина Крива Паланка која составува записник со образложение за прифаќање и неприфаќање на забелешките, што се објавува на службена веб страна и му се испраќа на изработувачот на урабанистичкиот проект за да ги вгради во планско-проектната документација.
Изготвил:
диа Иван Велиновски
Одобрил:
Раководител,
диа Маја Костадиновска
Општина Крива Паланка
Градоначалник
Сашко Митовски