Врз основа на член 39, точка 1 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на РМ“ бр. 5/02) и член 65 и 67 од Деловникот на Советот на Општина Крива Паланка, Ве известуваме дека 48-та седница на Советот на Општина Крива Паланка ќе се одржи на 23.12.2024 година (понеделник) во 12,00 часот.
ДНЕВЕН РЕД
-Новогодишно обраќање на Градоначалникот –
1. Информација во врска со здравствениот систем во Крива Паланка
2. Предлог-Одлука за усвојување на Програма за работа на ЛУ „Градски музеј „ Крива Паланка за 2025 година;
3. Предлог – Одлука за усвојување на Буџетот на Општина Крива Паланка за 2025 година;
4. Предлог – Одлука за извршување на Буџетот на Општината Крива Палнака за 2025 година;
5. Предлог – Одлука за утврдување на вредност на бодот за платите на државните службеници за 2025 година;
6. Предлог – Буџетски календар за планирање на Буџетот на Општина Крива Паланка за 2025 година;
7. Предлог-Одлука за определување на максимален износ за доделување на поединечна субвенција за млади за купен велосипед за 2025 година;
8. Преедлог-Одлука за определување на максимален број на субвенции и максимален износ на средства за доделување на поединечна субвенција за млади невработени лица жители на Општина Крива Паланка за купување на дигитален уред за 2025 година
9. Предлог-Одлука за определување на максимален износ на финансиски средства за доделување на поединечна субвенција за студенти за купен дигитален уред во учебната/академската 2024 – 2025 година
10. Предлог- Одлука за доделување на еднократен финансиски надоместок за секое новороденче запишано со адреса на живеење на територија на Општина Крива Паланка ;
11. Предлог-Одлука за формирање локален совет за превенција за подрачјето на Општина Крива Паланка
12. Предлог-Одлука за номинирање на членови во работни групи на Локален комитет за изработка и спроведување на Локален акционен план за животна средина (ЛЕАП)
на Општина Крива Паланка
13. Предло-Одлука за прифаќање на иницијативи за дополнување на предлог-листата на имиња на улици,плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти на подрачјето на Општина Крива Паланка
14. Предлог – Листа за определување на имиња на улици , плоштади и на други инфраструктурни објекти на подрачјето на Општина Крива Паланка.
СОВЕТ НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
Претседател,
Изабела Павловска , с.р.