ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ КАНДИДАТИ ЗА БАДНИКАРСКИ КУМ

Во духот на традицијата и обединувањето, Општина Крива Паланка ги повикува сите заинтересирани граѓани да се пријават за учество во свечениот избор на бадникарски кум за идната година, по повод  Бадниковата прослава која ќе се одржи  на 6 јануари 2025 година, со почеток во 11,00 часот,  на Градскиот плоштад.

Бадник е ден на сплотување,  радост и заедничко прославување,  а бадникарското кумство претставува огромна чест за целата заедница во празничните денови посветени на најголемите христијански празници-Бадник и Божиќ.

Сите заинтересирани граѓани можат да се пријават во Општина Крива Паланка, секој работен ден од 07,30 до 15,30 часот, лично, на телефон 075 368 077 или на е-маил [email protected], најдоцна до 05.01.2025 година.

Потребни податоци:  име и презиме и контакт/телефонски број.

Лице за контакт: Лидија Митовска, 075 368 077

Не пропуштајте ја можноста да бидете дел од прекрасната традиција која не поврзува како заедница.       

                         Со почит,
Сашко Митовски
градоначалник
Општина Крива Паланка

Големина на фонт
Контраст