Врз основа на член 49 од Законот за урбанистичко планирање (Службен весник на РСМ, бр. 32/20, 111/23, 171/24 и 224/24 година) Министерството за транспорт упатува и го дава следното:
С О О П Ш Т Е Н И Е
ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ОПШТ ЈАВЕН ПОВИК ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА СТРУЧНА РАСПРАВА СО ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА ПО УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ПОДРАЧЈА И ГРАДБИ ОД ДРЖАВНО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ГРАНИЧЕН ПРЕМИН ДЕВЕ БАИР, ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
Се организира Стручна расправа со јавна презентација по УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ПОДРАЧЈА И ГРАДБИ ОД ДРЖАВНО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ГРАНИЧЕН ПРЕМИН ДЕВЕ БАИР, ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА.
УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ПОДРАЧЈА И ГРАДБИ ОД ДРЖАВНО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ГРАНИЧЕН ПРЕМИН ДЕВЕ БАИР, ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА, ќе биде достапен за увид на стручната јавност и јавно презентиран од 28.01.2025 година до 27.02.2025 година на веб страната на Министерството за транспорт како и во информацискиот систем Е-урбанизам. Исто така во хартиена форма примерок од урбанистичкиот план ќе биде изложен на увид на стручната јавност во просториите на Министерството за транспорт и општина Крива Паланка.
Стручната расправа ќе се одржи на 14.03.2025 (петок) во 10 часот во просториите на Министерството за транспорт.
Учесниците во стручната расправа можат да ги достават своите забелешки најдоцна во рок од 15 дена од одржувањето на стручната расправа. Забелешките ќе бидат составен дел на записникот од стручната расправа, врз основа на кој се изготвува извештај од стручната расправа, што го изработува стручна комисија формирана од донесувачот на планот.
Анкетен лист.
УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ПОДРАЧЈА И ГРАДБИ ОД ДРЖАВНО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ГРАНИЧЕН ПРЕМИН ДЕВЕ БАИР