Врз основа на член 27 и 50 од Законот за урбанистичко планирање („Сл.весник на Р.С.М.“ бр.32/20, 111/23, 171/24 и 224/24) и член 23 од статутот на општината Крива Паланка („Службен гласник на Општина Крива Паланка“ бр.8/10, 12/10, 8/14, 2/18, 3/19, 8/21, 01/23, 05/23, 14/23, 05/24 и 09/24), градоначалникот на општината Крива Паланка донесе
Јавната анкета по горенаведениот план ќе се одржи од 02.04.2025 година до 12.05.2025 година секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот во просториите на Одделението за урбанизам и заштита на животната средина при општината Крива Паланка.
Детален Урбанистички План за дел од блок И-13 КО Крива Паланка Општина Крива Паланка ќе биде изложен на печатени плакати и соопштенија во и околу планскиот опфат и на информациските табли на општаната Крива Паланка, во информацискиот систем е-урбанизам и во просториите на општината Крива Паланка.
Јавната презентација за Детален Урбанистички План за дел од блок И-13 КО Крива Паланка Општина Крива Паланка ќе се одржи на ден 30.04.2025 година со почеток во 09,00 часот во големата сала на општината Крива Паланка.
Планскиот опфат кое е предмет на уредување на Детален Урбанистички План за дел од блок И-13 КО Крива Паланка Општина Крива Паланка зафаќа површина од 4,57 ха и просторот за кој се работи ДУП го опфаќа делот од блок И-13, со плански опфат кој е дефиниран со следниве граници:
– од западна страна границата оди по осовина на дол Единство,
– од северна страна границата е по осовина на Крива Река,
– од јужна страна границата е по осовина на ул. “Св. Јоаким Осоговски”,
– од источна страна границата е по осовина на дол Нимулија.
Анкетните листови за учество во јавната анкета се наоѓаат во архивата на општината Крива Паланка и во горенаведениот рок заинтересираните правни и физички лица можат да достават писмени забелешки преку анкетните листови или забелешки во електронска форма преку информацискиот систем на е-урбанизам.
ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
Градоначалник
Сашко Митовски
Анкетен лист
Детален Урбанистички План за дел од блок И-13 КО Крива Паланка Општина Крива Паланка