Општина Крива Паланка во текот на изминатите денови постави две нови вештачки препреки за принудно намалување на брзината т.н „лежечки полицјаци“ на две локации на улицата „Св.Јоаким Осоговски“ и тоа пред основните училиште „Јоаким Крчовски“ -централно училиште и Партизан.
Градбите се поставено согласно сообраќајниот елаборат за вертикална и хоризонтална сигнализација на територијата на Општина Крива Паланка и со нивната изградба се очекува да се зголеми безбедност во сообраќајот во градот.
Изведувач на градежните работи е градежната фирма „Лабино-Трејд“ од Гостивар.