Известување за граѓаните

Почитувани сограѓани,

На ден 19.01.2014 (понеделник) од 08.00 до 11.00 часот во организација на Општина Крива Паланка и на Македонската Православна Црква, Кумановско-осоговка епархија ќе се одблежи големиот христијански празник Богојавление – Водици.

По тој повод ги известуваме сите заинтересирани граѓани кои имаат желба да земат учество во скокање во осветените води на Крива Река, за да го фатат благословенит крст за здравје, среќа, благосостојба и бериќет, да се пријават во црквата Свети Димитрија во Крива Паланка.

Заинтересираните, задолжително треба донесат медицинска белешка (потврда) од матичен доктор за здравствената состојба и крштеница и на тој начин ќе го потврдат своето учество во скокањето по благословениот крст. При пријавувањето секое лице ќе добие и реден број кој треба да го носи со себе на денот на настанот.

Големина на фонт
Контраст