Известување за граѓаните – Одбележување на големиот христијански празник Богојавление – Водици

Почитувани,

На ден 19.01.2015 (понеделник) од 08.00 до 11.00 часот во организација на Општина Крива Паланка и на Македонската Православна Црква, Кумановско-осоговка епархија ќе се  одбeлежи големиот христијански празник Богојавление – Водици.

Прославата започнува со свечена литургија во  црквата Свети Димитрија, по  што  следува чинот на фрлањето на благословениот крст во водите на Крива Река, а потоа продолжува со манифестацијата „Пивтијада“. Како и години наназад, фрлањето на крстот ќе се случува во 10.30 часот, од мостот што води кон населбата „Бавчалк“, популарно викан Шанин мост.

Општина Крива Паланка ги повикува граѓаните да дојдат на местотото на настанот и заеднички во духот на традицијата да го прославиме овој убав ден.

Општина Крива Паланка
Градоначалник,
Арсенчо Алексовски

Големина на фонт
Контраст