Соопштение за граѓаните – наплата на данок

Согласно со Законот за данок на имот, Одделението за финансиски прашања при Општина Крива Паланка овие денови интензивно работи на наплатата на даночните долгови до 2014 година. Даночните обврзници се замолуват да си го подмират даночниот долг, во спротивно ќе се  соочат со присилна наплата на истиот.

 

Превзаемени се активности околу  присилна наплата на комуналната такса и данок на имот. Во тек е изготвување на опомени за данок на имот, а се доставуваат 409 опомени за ненаплатена комунална такса за истакната фирма на физички и правни лица.

 

 

Доколку ја примите опомената за доспеаниот даночен долг, Ве молиме во рок од 8 дена од приемот, да го подмирите за да ги избегнете трошоците за камата и трошоците за присилната наплата.

 

 

Согласно со Законот за данок на имот, даночните обврзници се обврзани до 31 јануари во годината за која се врши утврдувањето на данокот да поднесат даночна пријава до Одделението за финансиски прашања при Општина Крива Паланка. Обврзникот на данок на имот кој има поднесено даночна пријава за имотот кој го поседува нема обврска за истиот имот да поднесе нова пријава, доколку нема промена на податоците содржани во претходно поднесената даночна пријава.  За имот што го стекнува или почнува да го користи во текот на годината или ако по некој друг основ настанала даночна обврска обврзникот е должен да поднесе даночна пријава во рок од 15 дена од денот на стекнување на имотот или од отпочнување на користење на имотот.

 

Општина Крива Паланка

Големина на фонт
Контраст