Прогласен ден на жалост во oпштина Крива Паланка

Почитувани сограѓани,

По повод прерано згаснатитот живот на нашата сограѓанка Фросина Цековска, која во петокот вечерта трагично го загуби својот живот во сообраќајна несреќа кај Универзалната сала во Скопје, на иницијатива на Градоначалникот на Општина Крива Паланка Арсенчо Алексовски, денеска (сабота 04.04.2015 година ) беше свикана вонредна седница на Советот на Општина Крива Паланка на која едногласно беше донесена:

– Одлуката за прогласување на ден на жалост во општина Крива Планка за ден недела 05.04.2015 година

Градоначалникот на Општина Крива Пaланка Арсенчо Алексовски, Претседателот на Советот Борче Стојчевски, Советниците на Советот на Општина Крива Паланка и сите граѓани на Општина Крива Паланка го изразуваат своето најдлабоко сочуство до семејството и најблиските.

Големина на фонт
Контраст