Почитувани граѓани,
Во местото Голеш, село Голема Црцорија, на тромеѓето помеѓу Р.Македонија, Р. Србија и Р.Бугарија, на 12.07.2015 (недела) на големиот христијански празник Петровден ќе се одржи трилатералната традиционална меѓународна средба „КРАИШТЕ 2015“. Манифестацијата е во организација на општините Крива Паланка, Босилиград и Ќустендил.
Границата ќе биде отворена од 8 до 20 часот.
Граѓаните државната граница може да ја преминуваат со важечки лични карти или патни исправи.
Општина Крива Паланка