Одбележување на Зелената недела на ЕУ

Почитувани,

Ве информираме дека Општина Крива Паланка-ЕУ инфо точката, во соработка со ЕУ инфо центарот при Делегацијата на Европската унија во Република Македонија, од 22-26.06.2015 година, со повеќе пригодни активности ја одбележува Зелената недела на ЕУ 2015, под мотото „Природата наше здравје,наше богатство“.

По тој повод, Општина Крива Паланка – ЕУ инфо точката, на 25.06.205 година, пред платото на Градскиот музеј од Крива Паланка, организира модна ревија „Треш фешн“, на која ќе бидат претставени креации од отпадни материјали изработени од самите креатори-ученици од СОУ„Ѓорче Петров“ од Крива Паланка. Ревијата започнува во 20 часот, кога истовремено ќе биде одржан и еколошки перформанс „Природата наше здравје, наше богатство“, во изведба на ученици од ООУ„Илинден“ од Крива Паланка.

Во рамките на одбележувањето на Зелената недела на ЕУ 2015, на 26.06.2015 година, во салата на Градскиот музеј во Крива Паланка, со почеток во 12 часот, ќе се одржи и трибина на тема „Животната средина и здравјето“ на која предавач ќе биде г-ѓа Соња Липиткова, државен секретар во Министерството за заштита на животната средина и просторно планирање.

Општина Крива Паланка  Ве поканува да присуствувате на овие настани и заеднички да ја одбележиме  Зелената недела на ЕУ 2015.

Општина Крива Паланка
Градоначалник
Арсенчо Алексовски

Големина на фонт
Контраст