Се известуваат сите учесници во сообраќајот дека поради појава на свлечишта и одрони отежнато се одвива сообраќајот на локалниот пат кон манастирот Св.Јоаким Осоговски, посебно на делот на околу 150-200 м. од исклучувањето од главниот пат кон манастирот. На споменатиот дел повремено се изведуваат и градежни работи за расчистување на одроните од карпест и земјан материјал.
Согласно со чл.51 од ЗЈП (Сл весник на РМ бр. 152/08) критичното место е соодветно означено и сообраќајот ќе биде целосно во прекин во ноќните часови во периодот од 19,00 ч до 09,00 ч. почнувајки од 27.04.2015 па во наредниот период се додека не се обезбедат соодветни услови за безбедно одвивање на сообраќајот.
Ги молиме граѓаните да имаат разбирање за потешкотиите во одвивањето на сообраќајот на овој локален пат, да возат внимателно и да ги почитуваат поставените сообраќајни знаци, а посебно да ја почитуваат забраната за движење по истиот во ноќните часови.