Во организација на Училишниот спорт од Крива Паланка, а под покровителство на градоначалникот на Општина Крива Паланка, Арсенчо Алексовски, на 27.04.2015 година со почеток во 10.00 часот, на Градскиот стадион ќе се одржи Општинскиот крос натпревар 2015.
На оваа традиционална манифестација ќе учествуваат ученици од основните и средното училиште во Крива Паланка.
Должините на патеките за трчање се различни, според возраста на учениците и ќе бидат поделени во пет категории, а во секоја категорија ќе има по две групи (машки и женски).
Трето и четврто одделение ќе трчат на 200 метри, учениците од петто и шесто одделение на 300 метри, седмо и осмо на 400 метри, девето одделение на 600 метри, а средношколците ќе трчаат на 800 метри.
Првопласираните три места во поединечна конкуренција ќе бидат наградени со дипломи и медалји (златна-сребрена-бронзена).