Општина Крива Паланка усвои одлука за отпис на долговите по основ на комунални такси

На последната седница на Советот на општина Крива Паланка беше усвоена Одлука за отпис на долговите на граѓаните по основ на комунални такси. Станува збор за Одлука со која ќе се изврши еднократен отпис на долговите на граѓаните за комунална такса за користење и одржување на јавно осветлување.

– Оваа одлука е донесена врз основа на решенијата од Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија – Комисија за постапување по барања за еднократен отпис на долговите на граѓаните. Податоците за отпишаните долгови редовно се доставуваат до ЕВН Македонија заради бришење од евиденција на ненаплатениот износ на комунална такса за поединечен должник-граѓанин и до должникот – информира Татјана Ѓоргиевска, раководител на Одделението за финансии при општина Крива Паланка.
Ѓоргиевска додаде дека Одлуката е донесена согласно Законот за комунална такса и Законот за еднократно отпишување на долговите на граѓаните и според истата се работи на процесуирање на десетина решенија, а  како што рече,  на секои 14 дена со пристигнувањето на нови решенија истите ќе се обработуваат тековно.
Инаку, со оваа Одлука се отпишуваат и долговите на должниците по основ на комунална такса за истакната фирма на оние на кои фирмата им е избришана од страна нa Централен регистар на Република Македонија.

Големина на фонт
Контраст