Во организација на Општина Крива Паланка од Р.Македонија, Општина Ќустендил од Р.Бугарија и Општина Босилеград од Р.Србија, во местото Голеш, на тромеѓето помеѓу трите држави, на ден 12.07.2010 г. ќе се одржи пограничната средба „КРАИШТЕ 2010 “.
Средбата се организира за граѓаните од трите соседни општини со почеток од 7 до 18 часот.
Со оваа средба и другите видови на прекугранична соработка сакаме да и покажеме на меѓународната јавност дека сме спремни и знаеме да се дружиме, почитуваме и соработуваме, односно дека иднината на овој регион е во Европската унија.
Ги повикуваме граѓаните од Општина Крива Паланка и другите населени места за присуство на собирот.
Општина Крива Паланка