Врз основа на член 21 од Законот за просторно и урбанистичко планирање („Сл.весник на РМ“ бр.199/2014; 42/2015 и 44/2015) Градоначалникот на општината Крива Паланка го донесува следното
С О О П Ш Т Е Н И Е
Се известуваат правните и физичките лица дека се распишува:
ЈАВЕН ПОВИК за доставување на иницијативи за изработка на урбанистички планови на територијата на општината Крива Паланка за 2015 година
Јавниот повик се распишува согласно член 21 од Законот за просторно и урбанистичко планирање („Сл.весник на РМ“ бр.199/2014; 42/2015 и 44/2015) во третиот квартал од 2015 година.
- Во периодот од 31 ден сите заинтересирани правни и физички лица треба да достават иницијативи за изработка на урбанистички планови од членот 7 став 1 точка 2 алинеи 2, 3 и 4 од горенаведениот Закон;
- Предмет на иницијативите може да биде донесување на нов урбанистички план, изменување и дополнување на постоечки урбанистички план или пак урбанистичко-планска документација со конкретен предлог од подносителот на иницијативата;
- Јавниот повик ќе трае од 25.08.2015 година до 25.09.2015 година сметано од објавата во дневниот весник „Вечер“;
- Јавниот повик ќе биде објавен и на веб страната на општината Крива Паланка, на огласна табла во општината, во информацискиот систем е-урбанизам и преку објава во службено гласило на општината Крива Паланка.
- Заинтересираните правни и физички лица иницијативите можат да ги достават во писмена форма преку архивата на општината Крива Паланка до одделението за урбанизам, сообраќај и заштита на животната средина или во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам во горенаведениот рок.
- За сите прифатени иницијативи подносителите ќе бидат информирани во писмена форма или во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам во рок од 15 работни дена од истекот на рокот за поднесување на иницијативите;
- Прифатените иницијативи од јавниот повик ќе бидат вградени во програмата за изработка на урбанистички планови на територијата на општината Крива Паланка за 2015 година;
- Средствата за изготвување на потребната документација за прифатените иницијативи треба да ги обезбедат правните или физичките лица кои се подносители на иницијативите.
ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
Градоначалник
Дипл.правник Арсенчо Алексовски