Почитувани,
На 20 октомври (вторник), со почеток во 13 часот, во ресторан „Облаче“, ќе се одржи шестата последователна сесија од буџетскиот форум, кој општина Крива Паланка го спроведува во рамките на програмата „Форуми во заедницата“.
На претходните 5 форумски сесии, кои се реализираа во периодот ноември-декември 2014 година, граѓаните учествуваа во одредувањето на развојните приоритети на општината, кои станаа дел од Буџетот за 2015 година.
На шестата (последователна) сесија, градоначалникот и општинската администрација ќе дадат отчет за реализацијата на Буџетот за 2015 година (до 30.09.2015) и за проектите што граѓаните ги избраа како најприоритетни за оваа буџетска година.
Целта на буџетскиот форум е партиципативно учество на граѓаните во изготвување на реален буџет во согласност со потребите и приоритетите на локалната заедница.
Сите заинтересирани граѓани можат да бидат дел од шестата последна сесија. Превозот до и од ресторан „Облаче“ ќе биде органзиран од пред општинската зграда во 12,45 минути.
ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
Градоначалник
Арсенчо Алексовски