Покана за втората сесија од буџетскиот форум

Почитувани,
На 10 ноември (вторник ), со почеток во 12 часот, во ресторан „Облаче“, ќе се одржи втората сесија од буџетски форум, во организација на Општина Крива Паланка со цел креирање на буџетот на општината за 2016 година.
Oпштина Крива Паланка, во периодот на месец ноември и месец декември 2015г., по втор пат, како и минатата година ќе реализира „БУЏЕТСКИ ФОРУМ 2016“, со цел партиципативно и транспарентно изготвување на буџетот на општината за 2016 година заедно со граѓаните.

Накратко кажано креирање на буџет по мерка на граѓаните !

Го покануваме сите заинтересирани граѓани кои имаат можност да дојдат и бидат дел во креирањето на буџетот за 2016 година, согласно нивните потреби и приоритети.

ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
Градоначалник
Арсенчо Алексовски

Големина на фонт
Контраст