КРИВОПАЛАНЕЧКА ЕКО ХРАНА 2015

Во сабота, 21.11.2015 година со почеток во 12.00 часот на централниот градски плоштад ќе се одржи манифестацијата „КРИВОПАЛАНЕЧКА ЕКО ХРАНА“
На Градскиот плоштад ќе бидат поставени штандови со компир произведен во Осоговието, ќе бидат изложени специјалитети како и јадења од компир. На настанок ќе земат учество жените членики при ОО Црвен Крст од Крива Паланка, угостителите од угостителските објекти од Крива Паланка како и секој што ќе сака да се пријави и да учествува.
Посетителите ќе имаат можност да ги дегустираат разновидните специјалитети и јадења подготвени од компир, направени од вештите раце на домаќинките и да слушнат за благотворните дејства на компирот, неговото користење како лек и кулинарски трикови за приготвување јадења од компир.
Манифестацијата „Кривопаланечка Еко храна 2015“ ќе биде збогатена со настапот на фолк-пејачот Круме Спасовски, а ќе настапат и локални фолклорни ансамбли од општината.

Сите заинтересирани производители на прехрамбени производи и угостителски објекти кои сакаат да земат учество да се пријават до 19.11.2015 година за да им се обезбедат соодветни маси (штандови) за нивно нормално и непречено презентирање и промоција на нивните производи.

Контакт лице: Душко Арсовски тел. 076 236 557

Големина на фонт
Контраст