Традиционалната есенска акција „Ден на дрвото – Засади успех“ ќе се спроведе на ден 02.12.2015 година (среда).
Акцијата за пошумување во Општина Крива Паланка ќе се спроведе на локалитетот „Присој “ на кп- 838/3 во КО Лозаново ( пред населбата Бегови бавчи). На оваа локација на површина од 4 ха ќе се врши допошумување со садници од багрем. Оддалеченоста на локацијата од центарот на градот изнесува околу 1,5 км.
На наведената локација багремови садници ќе засадуваат учениците од Средното општинско училиште „Ѓорче Петров“, потоа учениците од VI, VII, VIII и IX одделенија при основните училишта „Јоаким Крчовски“ и „Илинден“, вработени во Локалната самоуправа, вработени во подрачните единици на министерствата,како и заинтересирани граѓани и здруженија.
Собирно место за учениците од Општинското средно училиште „Ѓорче Петров“ ќе биде низводно на крајот на регулацијата на Крива Река.
Поаѓањата од собирното место до локацијата за пошумување се во 9,30 часот за прва и трета година и 10,30 часот за втора и четврта година.
Собирно место за учениците од основните училишта „Илинден“ и „Јоаким Крчовски“ се дворните места на училиштата. Поаѓањето до локацијата за пошумување и за двете училишта е во 10,00 часот.
За засадување на садниците потребно е учениците да носат со себе соодветн алат за засадување.
Вработените на ЈП „Комуналец“ ќе засадуваат иглолисни и листопадни садници (аризонски чемпрес и каталпа) на определени, уредени и неуредени зелени површини во градот и приградските населби.
Вработените во Локалната самоуправа, подрачните министерства, институции и организации кон локацијата за пошумување ќе тргнат во 9,30 часот.
Граѓаните во акцијата можат да се вклучат доброволно во временскиот термин од 10 – 12 часот.
Со оглед на близината на локацијата за пошумување до истата нема да биде обезбеден автобуски превоз