Соопштенија

emiHidden=”false” UnhideWhenUsed=”false” QFormat=”true” Name=”Strong” />

emiHidden=”false” UnhideWhenUsed=”false” QFormat=”true” Name=”Strong” />

Известување за граѓаните – Елаборат за заштита на животната средина

12.09.2014

Почитувани,

Јавното претпријатие за државни патишта на Република Македонија изработува тендерска документација за рехабилитација и реконструкција на локалната патна мрежа во Република Македонија (тендер бр. 7), со заем од Светска Банка.

Во рамките на тендерската документација изготвен е и Елаборат за заштита на животната средина кој е де даден во прилог.

Елаборат за заштита на животната средина за рехабилитација и реконструкција на локалната патна мрежа во Република Македонија

Environmental Impact Assessment Report  for Reconstruction and Rehabilitation of the Local Road Network Project in Republic of Macedonia

Соопштение за граѓаните

Одделението за урбанизам, сообраќај и заштита на животна средина им соопштува на сите возачи кои возилата ги паркираат на авто такси станиците одредени за паркирање на авто такси возила кои имаат лиценца за вршење на такси превоз, дека Државниот инспектор по патен транспорт во соработка со полицијата ќе започне акција за проверка на возилата паркирани на авто такси станиците предвидени за авто такси превоз и во колку се паркирани неовластено ќе се превземат соодветни законски мерки.

Истовремено им се соопштува на сите возачи кои бесправно вршат авто такси превоз дека Државниот инспектор по патен транспорт во соработка со полицијата ќе продолжи со санкционирање на овие превозници и одземање на возилата со кои бесправно вршат авто такси превоз.

ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА

Соопштение за граѓаните – Стоп за дивоградбите

Информирајте се во Oпштина Крива Паланка за начинот, постапката и документите потребни за добивање на одобрение за градење, почитувајте го законот и не ризикувајте рушење на нелегално изграден објект.

Гради легално – гради со одобрение

 


Големина на фонт
Контраст