Дневен ред на 28-та седница на Советот на Општина Крива Паланка

Врз основа на член 37, точка 1 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на РМ“ бр. 5/02) и член 3 од Деловодникот на Советот на Општина Крива Паланка, Ве известуваме дека 28-та седница на Советот на Општина Крива Паланка ќе се одржи на 28.12.2015 година (понеделник ) во 15,00 часот.

Д н е в е н р е д:

1. Предлог – Буџет на Општина Крива Паланка за 2016 година.;
2. Предлог – Одлука за извршување на Буџетот на Општината Крива Палнака за 2016 година;
3. Предлог – Одлука за утврдување на вредност на бодот за платите на државните службеници за 2016 година;
4. Предлог – Одлука за усвојување на Буџетскиот календар за планирање на Буџетот на Општина Крива Паланка за 2016 година;
5. Предлог – Одлука за даање на согласност за подготовка, аплицирање и имплементација на проект „Културни патишта-мерки за подобрување на пристапот до туристичките локации во прекуграничниот регион Дупница – Крива Паланка;
6. Предлог – Одлука за давање на согласност за подготовка, аплицирање и имплементација на проект „Р.И.В.ЕР.С (иницијативи за реконструкција на речни корита во ранлива средина на одржливо општество)“:
7. Предлог – Одлука за давање на согласност за користење на салите на Советот на Општина Крива Паланка (мала и голема) за целите на проект „Промоција на туристичките атракации во 3 Д“;
8. Предлог – Одлука за давање согласност на Одлуката УО на ЛУ Градски Музеј за подготовка, аплицирање и имплелментација на проект „Нови музејски поставки-нов пристап за подобра туристичка атрактивност на музеите“;
9. Оредкиг – Одлука за давање соглалсност на Одлуката УО на ЛУ Градски музеј за подготовка, аплицирање и имплементација на проектот „Заеднички патишта кон заедничка иднина-патување низ културното наследство на Коридорот 8“;
10. Предлог – Одлука за усвојување Програма за управување со отпад на Општина Крива Паланка за 2016 година;
11. Предлог – Решение за избор на член на Совет на млади на Општина Kрива Паланка;
12. Предлог – Одлука за усвојување на Годишна Програма за работа на Совет на млади.

СОВЕТ НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
Претседател,
М-р. Борче Стојчевски,с.р.

Големина на фонт
Контраст