Известување за граѓаните –Прослава на големиот христијански празник Богојавление – Водици

Почитувани,

На ден 19.01.2016 (вторник) од 08.00 до 11.00 часот во организација на Општина Крива Паланка и на Македонската Православна Црква, Кумановско-осоговска епархија ќе се одбeлежи големиот христијански празник  Богојавление – Водици.
Прославата започнува со свечена литургија во црквата Свети Димитрија, по што следува чинот на фрлањето на благословениот крст во водите на Крива Река, а потоа продолжува со манифестацијата „Пивтијада“. Фрлањето на крстот ќе се случува во 10 часот, од мостот што води кон населбата „Бавчалк“, популарно викан Шанин мост.

Сите заинтересирани верници кои ќе скокат по крстот во водите на Крива Река потребно е да достават потврда од лекар за психофизичка способност, во црквата Свети Димитрија.

Општина Крива Паланка ги повикува граѓаните да дојдат на местотото на настанот и заеднички во духот на традицијата да го прославиме овој убав ден.

Општина Крива Паланка,
Градоначалник,
Арсенчо Алексовски

 

Големина на фонт
Контраст