Известување за граѓаните – Кроење на овошките и нивна заштита

Почитувани граѓани,

Општина Крива Паланка во соработка со Општина Ќустендил и Овоштарскиот институт од Ќустендил, Р.Бугарија ја организира средбата на тема „Кроење на овошките и нивна заштита“.

Средбата ќе се одржи на 15.02.2016 г. (понеделник) во 10.00 часот во големата сала на Советот на општина Крива Паланка. На сесијата ќе се разработат теортскиот дел во насока на унапредување на овошраството и практичен дел, во кој пред заинтересираните граѓани ќе биде презентиран начинот на кроење на овошките и нивно понатамошно третирање.

Сесијата ќе биде модерирана од страна на почитуваниот г.Димитар Домазетов, директор на Овоштарскиот институт од Ќустендил.

Општина Крива Паланка
Градоначалник,
Арсенчо Алексовски

Големина на фонт
Контраст