Се известуваат сите учесници во сообраќајот дека локалниот пат Крива Паланка – с.Станци на делница Маневски Мост – с. Станци, е затворен за сите возила поради поголеми свлечишта и одрони. Затворање на патот се врши поради свлечишта и земјен нанос на патот, поради што патот не можe да функционира.
Во моментот има сеуште активни свлечишта од кои престои опасност по безбедностa на минувачите на патот.
Забраната на сообраќајот во двата правци ќе трае до отклонување на земјениот нанос и смирување на теренот.
Градоначалникот Алексовски изврши увид на новопојавените одрони и свлечишта