Врз основа на член 7 од Правилникот за начинот, условите и постапката за доделување на општински признанија и награди, Одборот за доделување награди и признанија на општината Крива Паланка, на 7-та седница одржана на 07.09.2016 година одлучи да распише
К О Н К У Р С
за доделување на наградата „8-ми Октомври“
на Општина Крива Планка во 2016 година
- Наградата „8-ми Октомври“ на Општината Крива Паланка се доделува на физички и правни лица од општината Крива Паланка и од Република Македонија како знак на општествено признание за особени постигнувања во стопанството, науката, уметноста, културата, спортот, воспитанието и образованието, заштитата и унапредување на животната средина и природата, како и во други области на трудот и творештвото од значење за развојот на Општината и нејзина афирмација во Република Македонија и во светот.
- Наградата покрај на физички и правни лица се доделува и на ученици и студенти за творечки труд или за континуирани успешни резултати во наставни и воннаставни активности.
- Наградата се доделува за остварувања во период од една година до објавување на конкурсот, како и за подолг период на работно и творечко ангажирање.
- Наградата се доделува на поединци, група творци, правни лица, ученици и студенти.
- Право да предлагаат кандидати за Наградата имаат правни и физички лица со седиште, односно живеалиште на подрачјето на Општината Крива Паланка.
- Предлогот мора да биде образложен, а кога се однесува на поединци, група творци или ученици односно студенти, треба да се приложи кратка биографија. Предлагачите треба да ги наведат својот полн назив и седиштето, односно името и адресата.
- Конкурсот трае 8 осум дена од денот на објавувањето, а предлозите за кандидати се доставуваат до Одборот за доделување награди и признанија на општината Крива Паланка.
- Предлозите во 3 (три) примероци се доставуваат до Општина Крива Паланка, адреса ул. Св. Јоаким Осоговски бр.175 Крива Паланка.
- Предлозите доставени по истекот на рокот наведен во конкурсот нема да се разгледуваат.
Одбор за доделување награди и признанија
на Општината Крива Паланка