Според Индексот на активна транспарентност 2016, Општина Крива Паланка е најтранспарентна институција со 88,1% исполнетост на обврските за активно објавување на информации. Истражувањето е спроведено од страна на Центарот за граѓански комуникации.
Под „активна транспарентност“ се подразбира објавувањето информации на сопствена иницијатива на институциите, без притоа за тие информации некој да има доставено до нив официјално барање за слободен пристап.
Законската основа за активната транспарентност на институциите се наоѓа пред сè во Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер, но и во низа други закони како што се Законот за локалната самоуправа, Законот за буџетите, Законот за јавен долг, Законот за финансирање на единиците на локална самоуправа и др. Освен од регулативата, активната транспарентност произлегува и од практиката, односно кога една институција ги прави достапни до сите граѓани одговорите на прашањата што почесто ги добива во форма на барања за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Информациите за истражувањето се дадени на следниот линк:
Индекс на активна транспарентност 2016