Соопштение за организирање на повторна јавна анкета и повторна јавна презентација

Врз основа на член 24 став 10 од Законот за просторно и урбанистичко планирање („Сл.весник на РМ“ бр.51/2005; 137/2007; 91/2009; 124/10; 18/11; 53/11; 144/12; 55/13; 163/13 и 42/14), а во врска со член 123 од Законот за просторно и урбанистичко планирање („Сл.весник на РМ“ бр.199/14; 44/15; 193/15; 31/16 и 163/16), градоначалникот на општината Крива Паланка го дава следното

С О О П Ш Т Е Н И Е

За организирање на повторна јавна анкета и повторна јавна презентација на Нацрт-Детален урбанистички план за блок 7-А во општината Крива Паланка

Јавната анкета по горенаведениот план ќе се одржи од 16.11.2016 година до 29.11.2016 година секој работен ден од 08,оо-16,оо часот во просториите на архивата на општината Крива Паланка и во просториите на одделението за урбанизам, сообраќај и заштита на животната средина при општината Крива Паланка.

Нацрт-Деталниот урбанистички план за блок 7-А во општината Крива Паланка ќе биде изложен и на информативните табли на општината Крива Паланка.

Јавната презентација за ДУП за блок 7-А во Крива Паланка ќе се одржи на ден 23.11.2016 година со почеток во 12,оо часот во големата сала на општината Крива Паланка.

Опфатот за кој се однесува горенаведениот план е следниот:

Започнува од вливот на долот „Нимулија“ во Крива Река и оди кон југозапад по течението на Крива Река до вливот на долот „Единство“ во Крива Река, свртува кон југ и оди узводно по долот и доаѓа до мостот на долот и ул.„Св. Јоаким Осоговски“, поминува преку улицата и продолжува кон југоисток по границата помеѓу к.п.бр.3129/1 и к.п.бр.3127 во КО Крива Паланка и доаѓа до границата со к.п.бр.2961/1 во К.О. Крива Паланка, продолжува по границата и доаѓа до ул.„Св. Јоаким Осоговски“, продолжува по улицата кон североисток и доаѓа до новиот крак на ул.„Св. Јоаким Осоговски“, продолжува по истиот и доаѓа до долот „Нимулија“ каде што свртува кон северозапад и доаѓа до вливот на долот во Крива Река, односно до почетната точка.

Вкупната површина на опфатот е 6.45 ха.

Анкетните листови за учество во повторната јавна анкета се наоѓаат во архивата на општината Крива Паланка и во горенаведениот рок заинтересираните правни и физички лица можат да достават писмени забелешки преку анкетните листови.

 

ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА

Градоначалник,
Арсенчо Алексовски

Големина на фонт
Контраст