Почитувани,
Ве известуваме дека промоцијата на третото издание на Славишки зборник ќе се одржи на 25 ноември (петок) во просториите на Општина Крива Паланка (голема сала), во 12:00 часот. Ќе ни биде особена чест ако со Вашето присуство не удостоите заедно да го промовираме новото издание на Славишки зборник, а со тоа и културното наследство на кривопаланечкиот крај.
ЛУ Градски Музеј – Кр. Паланка