Традиционалната есенска акција „Ден на дрвото – Засади ја својата иднина“ ќе се спроведе на ден 30.11.2016 година (среда).
Заради временските услови предвидените локалитети за пошумување со акцијата Габарска чука КО Габар и Цигански куќи КО Баштево каде на површина од 6 ха и 4 ха беше предвидено засадување на 25.000 садници со багрем се откажани за пролетната акција 2017 година.
Симболично засадување на садници ќе се спроведе покрај новоасвалтираниот пат кон Манастирот „Св.Јоаким Осоговски“ каде е предвидено оформување на дрворед долж долната страна на патот и тоа со садници од липа, бреза, јасен, бел бор и багрем ако за тоа дозволат временските услови.
На оваа локација е предвидено учество да земат поголем дел од учениците Општинското средно училиште „Ѓорче Петров“, вработените во Локалната самоуправа и други државни и јавни институции.
Собирно место за засадување на назначената локација е кај Мотел Македонија во 10,00 часот од каде учесниците ќе се упатат пешки кон локацијата.
Логистичка подршка за засадување на садниците ќе дадат вработените од ЈП Македонски Шуми и вработени од ЈП Комуналец.
Учениците од основните општински училишта ќе ги чистат и уредуваат зелените површини и зеленилото во рамки на своите дворни места, холовите и училниците, како и ќе спроведуваат други активности поврзани со Денот на дрвото (цртање, пишување творби, изработки и др.)
Вработените од ЈП „Комуналец“ ќе засадуваат садници на површини со кои тие стопанисуваат и ги одржуваат во урбаното подрачје.
Граѓаните во акцијата можат да се вклучат доброволно во временскиот термин од 10 – 12 часот.
Со оглед на близината на локацијата за пошумување, клизавиот терен и временските услови до истата нема да биде обезбеден автобуски превоз.