Почитувани,
На 06 декември (вторник), со почеток во 12 часот, во Ресторан „Облаче“ ќе се одржи третата сесија од буџетски форум, во организација на Општина Крива Паланка со цел креирање на буџетот на општината за 2017 година.
Oпштина Крива Паланка, во периодот на месец ноември и декември 2016г. по трет пат, како и минатите две години и оваа година реализира „БУЏЕТСКИ ФОРУМ 2017“, со цел партиципативно и транспарентно изготвување на буџетот на општината за 2017 година заедно со граѓаните.
Накратко кажано креирање на буџет по мерка на граѓаните !
Ресторанот „ОБЛАЧЕ“ каде се одржуват форумските сесии се наоѓа на влезот во Крива Паланка.
Oбезбеден e организиран превоз на учесниците до и од ресторан „Облаче“ во 11 часот и 45 минути од пред зградата на Општина Крива Паланка.
Го покануваме сите заинтересирани граѓани кои имаат можност се добредојдени, и бидат дел во креирањето на буџетот за 2017 година, согласно нивните потреби и приоритети.
ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
Градоначалник
Арсенчо Алексовски