Распоред за приемни денови за работа со странки и одржување на состаноци

Општината Крива Паланка го определи распоредот за приемни денови за работа со странки и одржување на состаноци во кои граѓаните и други субјекти можат да се обратат за консултации, информации во врска со предмети и надминување на определени состојби, а се поврзани со надлежностите на општината. Странките покрај директната комуникација можат да се консултираат со надлежните службеници и преку телефон, како и по e-mail адреса.

За остварување на средба/ состанок странката е потребно да се најави на службеникот за упатување на странки во просторијата до влезната врата во просториите на општината.

 Просторија за прием на странки и одржување на состаноци е Канцеларија бр.3 во Општина Крива Паланка.

Распоред за користење на просторија за прием на странки и одржување на состаноци

Напомена: Во случај на итност и неодложност и други оправдани причини, странката може да оствари состанок со надлежниот службеник секој ден од понеделник до петок во текот на целото работно време од 08.оо до 16.оо. Паузата службениците ја користат во периодот од 10.3о до 11.оо часот.

Во случај на потреба од состанок со поголем број на странки, за одржување на состанок или поради зафатеност на просторијата за прием на странки, согласно на потребите ќе биде користена Малата Сала при Општината Крива Паланка.

ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
Градоначалник
Арсенчо Алексовски

Големина на фонт
Контраст