Формиран Совет за социјална заштита
Согласно со Законот за социјална заштита („Сл.весник на РМ„ 104/2019 и 146/2019) во член 11, став 1 алинеја 4 , Член 141 и Член 142 се формира Совет за Социјална заштита и се избираат членови за истиот.
Советот на Општина Крива Паланка донесе Одлука со број 09-3053/15 од 27.09.2019 година.
Советот за социјална заштита донесе Социјален план на Општина Крива Паланка за 2021-2024 година. Социјалниот план содржи мапирање на социјалните проблеми и ранливите групи во општината, анализа на капацитетите и расположливите социјални услуги, како и специфичните потреби за развој на социјалните услуги во општината.
Главни активности на Советот за социјална заштита:
- Идентификација на сите ризични групи на ниво на општината;
- Увид и располагање со релевантни податоци;
- Анализа на податоци и состојби, вршење споредбени анализи;
- Идентификација на приоритетните интервенции (мерки и форми на социјална заштита;
- Идентификација на релевантни социјални сили (институциите, НВО, приватен сектор итн.);
- Следење, утврдување и анализа на постигнатите резултати и реализирани активности од имплементирањето на планот и програмата за социјална заштита на Општина Крива Паланка;
- Редовна комуникација, средби и размена на податоци и информации со сите социјални сили на ниво на општината;
- Транспарентното работење и објавување годишни извештаи од имплементирањето на планираните активности според планот за социјална заштита;
- Предлог на нови програми и форми на социјална заштита (давање социјални услуги од страна на лиценцирани даватели на социјални услуги во општината);
Советот за социјална заштита на Општина Крива Паланка ги има следните надлежности:
- Изготвува Социјален план за подрачјето на Општина Крива Паланка, врз основа на кој Градоначалникот на Општина Крива Паланка изготвува Годишна програма за социјална заштита што ја донесува Советот на Општина Крива Палнка по претходно мислење од Министерството за труд и социјална политика на РСМ;
- Предлага локални мерки и активности за социјална заштита.
Мандатот на членовите на Советот за социјална заштита е 4 (четири) години сметано од денот на донесувањето на Одлуката за формирање на Совет за социјална заштита.
Советот за социјална заштита на Општина Крива Паланка е формиран во следниот состав:
- Елена Христовска-претставник од Општина Крива Паланка
- Жаклина Димитриевска-претставник од ЈУ Меѓуопштински центар за социјални работи
- Михајло Колев- претставник од ЦИПЛП „Порака“
- Дарко Пешевски – претставник од Црвен Крст -Крива Паланка
- Сретимир Николовски- претставник од ЈЗУ Здраствен Дом „Димитар Арсов“Крива Паланка
- Снежана Јакимовска- претсавник од ООУ „Илинден“ Крива Паланка
- Марина Митовска Јакимовска-претставник од ООУ „Јоаким Крчовски“ Крива Паланка
- Славка Величковска- претставник од СОУ „Ѓорче Петров’ Крива Паланка
- Бранко Тодоровски- претставник од ОУД „Боро Менков“ Крива Паланка
- Сашка Пешовска- претставник од ОЈУДГ „Детелинка“ Крива Паланка
- Орце Трајановски- ретставник од МВР Крива Паланка