Спомен-обележја на територијата на општината

Назив Адреса Опис
Спомен костурница на српските војници ул. Св. Јоаким Осоговски м.в.Пролетер Спомен костурница во вид на храм во чест на загинатите српски војници во период од 1912 до 1918 година
Спомен плоча за ослободените интернирци ул. Св. Јоаким Осоговски; бр.173 Спомен плоча од црн мермер во чест на ослободувањето на интернираното население
Споменик на борците од НОВ од Кривопаланечко ул. Св. Јоаким Осоговски; бр.175 Бронзен споменик кој се наоѓа пред општинската зграда на Општина Кр. Паланка во спомен на борците од НОВ од Кривопаланечко
Спомен плоча во чест на формирање на првата партиска организација на КПЈ во Кр. Паланка ул. Св. Јоаким Осоговски; бр.166 Спомен плоча изработена од бел мермер; каде на посочената локација во куќа е формирана првата партиска организација на КПЈ за Кр. Паланка – денес на таа локација се наоѓа хотел Турист
Спомен плоча на паднатите борци во НОВ од Крива Паланка; с. Мартиница; с.Конопница; с.Длабочица и с.Псача ул. Св. Јоаким Осоговски; бр.175 Спомен плоча од сив мермер; која се наоѓа пред општинската зграда на Општина Кр.Паланка во чест на загинатите борци од Крива Паланка; с.Мартиница; с.Конопница; с.Длабочица и с.Псача
Спомен плоча на загинатите борци од НОВ од с.Жидилово; с.Кркља; с.Узем; с.Дубровница и с.Подржи Коњ ул. Св. Јоаким Осоговски; бр.175 Спомен плоча од сив мермер; која се наоѓа пред општинската зграда на Општина Кр.Паланка во чест на загинатите борци од с.Жидилово; с.Кркља; с.Узем; с.Дубровница и с.Подржи Коњ
Спомен плоча на загинатите борци од НОВ од с.Дурачка Река; с.Станци и с.Метежево ул. Св. Јоаким Осоговски; бр.175 Спомен плоча од сив мермер; која се наоѓа пред општинската зграда на Општина Кр.Паланка во чест на загинатите борци од с.Дурачка Река; с.Станци и с.Метежево
Спомен плоча на загинатите борци од НОВ од с.Трново; с.Киселица и с.Мала Црцорија ул. Св. Јоаким Осоговски; бр.175 Спомен плоча од сив мермер; која се наоѓа пред општинската зграда на Општина Кр.Паланка во чест на загинатите борци од с.Трново; с.Киселица и с.Мала Црцорија
Спомен плоча на загинатите борци од НОВ од с.Луке; с.Осиче; с.Градец и с.Дрење ул. Св. Јоаким Осоговски; бр.175 Спомен плоча од сив мермер; која се наоѓа пред општинската зграда на Општина Кр.Паланка во чест на загинатите борци од с.Луке; с.Осиче; с.Градец и с.Дрење
Спомен плоча на загинатите борци од НОВ од с.Баратлија; с.Отошница; с.Гулинци; с.Станча; с.Љубинци; с.Б’с и с.Мождивњак ул. Св. Јоаким Осоговски; бр.175 Спомен плоча од сив мермер; која се наоѓа пред општинската зграда на Општина Кр.Паланка во чест на загинатите борци од с.Баратлија; с.Отошница; с.Гулинци; с.Станча; с.Љубинци; с.Б’с
и с.Мождивњак
Спомен плоча на загинатите борци од НОВ од с.Радибуш; с.П’клиште; с.Петралица; с.Голема Црцорија и с.Габар ул. Св. Јоаким Осоговски; бр.175 Спомен плоча од сив мермер; која се наоѓа пред општинската зграда на Општина Кр.Паланка во чест на загинатите борци од с.Радибуш; с.П’клиште; с.Петралица; с.Голема Црцорија и
с.Габар
Спомен плоча на загинатите борци од НОВ од с.Борово; с.Одрено; с.Опила; с.Ветуница и с.Герман ул. Св. Јоаким Осоговски; бр.175 Спомен плоча од сив мермер; која се наоѓа пред општинската зграда на Општина Кр.Паланка во чест на загинатите борци од с.Борово; с.Одрено; с.Опила; с.Ветуница и с.Герман
Гроб на паднати борци од НОВ Гробишта во с.Мождивњак Гробно место во кое се закопани посмртни останки на тројца партизани кои се убиени од страна на локалната контра чета од с.Мождивњак и бугарските војски во 1944 година
Спомен чешма ул. Вера Јоциќ; бб; н.Скрљава м.в.Болничка ливада Спомен чешмата е подигната по повод 35 години од првото заседание на АСНОМ
Спомен плоча на жртви од Кривопаланечкиот партизански одред с.Кркља – м.в.Споменик Мермерна спомен плоча вметната во бетонска петокрака поставена на постамент и е обоена со црвена боја. Ова спомен обележје е изработено во чест на загинатите партизани во
борбата со германските војски на 3 Октомври 1944 г.
Спомен обележје во чест на победата на борците од III-та Македонска ударна бригада и Косовските баталљони над бугарската фашистичка војска с.Мала Црцорија -м.в.Ширина Спомен обележјето е во вид на шестоаголник изработен од бетон обоен со бела боја; како што оди во висина се стеснува; додека по наредните 60 см висина се разгранува (расцветува)
во шест краци кои се стеснуват во отвор . Натписот се наоѓа на западната страна на бела мермерна плоча
Спомен плоча с.Метежево Мала мермерна плоча изработена од бел мермер поставена во предниот дел на приватната куќа на Сента Цветановски во која е формирана командата на оваа место во 1944 година
Споменик на збратимените народи – Чупино Брдо с.Луке – м.в.Чупино Брдо Споменикот е изработен од делкан камен и е поставен на правоаголна основа изработена од бетон. На средишниот дел од споменикот е вметната правоаголна мермерна плоча со
натпис; и на врвот од споменикот има мермерна петокрака.
Споменик на Вера Јоциќ ул. Св. Јоаким Осоговски; бр.175 Бронзен споменик на бел мермерен постамент; поставен во спомен на Вера Јоциќ; борец и учесник во народноослободителната борба
Спомен обележје на Христијан Тододровски – Карпош ул. Херој Карпош – м.в. Бавчал’к Бронзена биста на Христијан Тододровски – Карпош поставена на бел мермерен постамент
Спомен плоча на загинатите во НОБ за денешната слобода с.Дурачка Река – дворно место на ПООУ Јоаким Крчовски Спомен плочата е изработена од сив мермер поставена на постамент кој што е изработен од бетон. Спомен плочата е поставена на средина; а од двете страни има вертикални бетонски
постамени на кои има чешми.
Спомен обележје во чест на загинатите борци од 1941 – 1945 0д с.Метежево; с.Огут и с.Нерав с.Огут Спомен обележје поставено на правоаголен бетонски постамент во форма на кириличната буква М изработен од бетон; каде на средината од споменикот се наоѓа бела мермерна плоча
на која се испишани имињата на загинатите борци од 1941 – 1945 од с.Метежево; с.Огут и с.Нерав
Спомен биста на Ѓорче Петров ул. 8-ми Октомври бр.91 – дворно место на гимназија Ѓорче Петров Бронзена биста на Ѓорче Петров поставена на вертикален постамент од сив мермер; на неговата предна страна со мала бронзена плоча на која е испишано името на Ѓорче Петров
Спомен плоча на загинати во НОБ од с.Луке; с.Подржи Коњ и с.Крстов Дол с.Подржи Коњ-м.в.Задружен Дом Спомен плочата е поставена на фасадата на Задружниот дом во село Подржи Коњ; и е посветена во чест на загинати борци во НОБ 1941-1945 од селата Луке; Подржи Коњ и Крстов Дол
Спомен плоча на загинати припадници на безбедносните сили во 2001 година ул.Св. Јоаким Осоговски; бр.175 Спомен плочата се наоѓа пред општинската зграда на Општина Крива Паланка. Поставена е како 9 -та по ред од вкупно 9 спомен плочи. На спомен плочата се испишани имиња на
загинати борци во конфликтниот период во 2001 година од Кр. Паланка
Спомен обележје – Македонски херои ул. Св.Јоаким Осоговски; бр. 185 Споменикот е поставен пред полициската станица во градот; направен од бел мермер. На самиот мермерен блок (кој е во вид на амблемот на полиицијата) во горната зона се поставени
три бронзени спомен –бисти; со ликови на загинатите Момир; Јане и Горан; додека под неа е правоаголна мермерна плоча со посвета на загинатите во воените дејствија во конфликтот
од 2001 г.; како благодарност на граѓаните од Крива Паланка.
Спомен плоча на паднатите борци од НОАВМ 1941-1945 и жртви на фашистичкиот терор од с.Конопница с.Конопница – црква Св.Теодор Тирон Спомен плочата е изработена од мермер; и е поставена вертикално на хоризонтален постамент кој што е изработен од бетон. Споменикот е подигнат во чест на паднатите борци од
НОАВМ-1941-1945 година и на жртвите на фашистичкиот терор од с.Конопница
Спомен плоча на паднатите борци од НОАВМ во с.Жидилово с.Жидилово – на училишната згрдада на ПООУ Јоаким Крчовски Мермерна плоча изработена од сивкаст мермер во чест на паднатите борци 1941-1944 во НОАБМ; жртви на фашистичкиот терор и загинати војници 1941 година при нападот на
Југославија
Спомен обележје на Миле Крстевски ул.8-ми Октомври Бронзена биста поставена на црвеникав мермерен постамент. Спомен обележјето е подигнато во чест на Миле Крстевски-1954-2004 (дипломат во канцаларијата на претседателот на
Р.Македонија); родум од Крива Паланка; кој заедно со претседателот Борис Трајковски и претседателската делегација загинаа во авионска несреќа кај на пат кон Мостар.
Спомен обележје во чест на победата и разоружувањето на 29-тата бугарска дивизија од страна на Кривопаланечкиот партизански одред с.Борово-м.в.Кучешки Преслап Спомен обележјето се наоѓа во атарот на с.Борово во територијалниот дел на Крива Палаанка; во планинскиот масив на Осоговските Планини. На местото 5 партизани од
Кривопаланечкиот партизански одред ја разоружуваат 29-та бугарска дивизија; настан кој го подига борбениот дух и морал кај останатите партизански единици.
Спомен биста на Јоаким Крчовски ул.Св. Јоаким Осоговски бр. 139 Спомен обележјето е изработено во чест на животот и делото на Јоаким Крчовски; и се наоѓа во дворот на истоименото општинско училиште Јоаким Крчовски.
Гробен споменик на: Игумен Јоаким Крчовски и Ереј Давид Јоакимович ул.Јане Сандански бр. 23 Споменикот е изработен од обработени камени плочи; а покрај него се наоѓа месингена плоча; обоена со златна боја на која се испишани имињата на починатите.

 

Големина на фонт
Контраст