Врз основа на член 37, точка 1 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на РМ“ бр. 5/02) и член 3 од Деловникот на Советот на Општина Крива Паланка, Ве известувамедека 47-та седница на Советот на Општина Крива Паланка ќе се одржи на 15.09.2017 година (петок) во 15,00 часот.
Д н е в е н р е д:
- Предлог – Одлука за усвојување на Извештај за работа на СОУ „Ѓорче Петров“ – Крива Паланка за 2016/2017 година;
- Предлог – Одлука за усвојување на Програма за работа на СОУ „Ѓорче Петров“ – Крива Паланка за 2017/2018 година;
- Предлог – Одлука за усвојување на Извештај за работа на ООУ „Јоаким Крчовски“– Крива Паланка за 2016/2017 година;
- Предлог – Одлука за усвојување на Програма за работа на ООУ „Јоаким Крчовски“ – Крива Паланка за 2017/2018 година;
- Предлог – Мислење за изведување на ученички екскурзии на ООУ „Јоаким Крчовскил“ – Крива Паланка за 2017-2018 година;
- Предлог – Одлука за усвојување на Извештај за работа на ООУ „Илинден “– Крива Паланка за 2016/2017 година;
- Предлог – Одлука за усвојување на Програма за работа на ООУ „Илинден“ – Крива Паланка за 2017/2018 година;;
- Предлог – Одлука за усвојување на Извештај за работа на ОУД „Боро Менков“– Крива Паланка за 2016/2017 година;
- Предлог – Одлука за усвојување на Програма за работа на ОУД „Боро Менков“ – Крива Паланка за 2017/2018 година;
- Предлог – Одлука за усвојување на Извештај за работа на ОУЈДГ „Детелинка“ – Крива Паланка за 2016/2017 година;
- Предлог – Одлука за усвојување на Програма за работа на ОУЈДГ „Детелинка“ – Крива Паланка за 2017/2018 година;
- Предлог – Одлука за давање согласност за намален број на деца по групи во ОЈУДГ „Детелинка“ – Крива Паланка за 2017/2018 година;
- Предлог – Одлука за давање согласност за зголемен број на деца по групи во ОЈУДГ „Детелинка“ – Крива Паланка за 2017/2018 година;
- Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п. бр. 7741 во КО Конопница, Општина Крива Паланка ;
- Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п. бр. 829/1(објект бр.1) во К.О.Крива Паланка, Општина Крива Паланка;
- Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п. бр. 829/1(објект бр.2) во К.О.Крива Паланка, Општина Крива Паланка;
- Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п. бр. 1112 и к.п.1111 во К.О.Киселица , Општина Крива Паланка.
Седницата ќе се одржи во ЛУ Градски Музеј на Општина Крива Паланка.
СОВЕТ НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
Претседател,
М-р. Борче Стојчевски,с.р.