Претставникот на локалната самоурава, Мартин Николовски, во име на градoначалникот на општина Крива Паланка и општинската администрација, денес (03.07.2018 г.) одржа поздравна реч и свечено ги отвори меѓуопштинските пензионерски спортски игри.
Општината во целост ги поддржува активностите на пензионерското здружение и дава несебична помош и подддршка секогаш и во секоја ваква прилика и секако ќе продолжиме со соработката и заеднички ќе изнаоѓаме начини за подобрување и унапредување во тој поглед. Верувам дека денес на овие игри во целост ќе ги истакнете и покажете сите ваши вештини, способности и целокупното ваше искуство во дициплните во кои се натпреварувате, рече Николовски.
Во своето обраќање тој истакна дека, овие игри се прилика за зацврстување на спортскиот дух, ентузијазмот, пријателствата и другарувањето, но и здравјето на пензионерите.
Натпреварувањето на пензионерите од општините Кратово, Пробиштип, Свети Николе и домаќинот Крива Паланка се одвиваше во неколку спортски дисциплини и тоа: шах, пикадо, домино, табла, карти, фрлање во кош и шутирање во мали голчиња за мажи и жени. Вкупно од секое здружение, според пропозициите учествуваат по 19 натпреварувачи.
Во текот на годината се одржуваат четири вакви манифестации, во организација на овие општини, а покрај тоа кривопаланечката општинска организација на пензионери зема учество и во регионалните пензионерски спортски игри, како и на регионалната и републичката ревија на песни, музика и игри и бројни други помали средби и настани што се од посебна важност за разубавување и облагородување на пензинерските денови.