Денес во училишната спортска сала „Партизан“ се оддржа централниот настан од Програмата за одбележување на 3-ти декември- Меѓународниот ден на лицата со попреченост, а со низа други активности, во наредните денови, ќе продолжи неговото одбележување.
Овој настан е дел од Годишна програма на Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост – Порака од Крива Паланка, а се реализира во соработка со Меѓуопштинскиот центар за социјална работа од Крива Паланка, со поддршка од локалните самоуправи на општините Крива Паланка и Ранковце и Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост-Порака од Скопје.
Распишан е Конкурс за изработка на ликовни творби, поезија и проза, а доделени се и соодветни награди и признанија. Дополнително е планирана посета на семејства кои имаат регистрирано дете со интелектуална попреченост, а кое не го посетува Дневниот центар или други установи од областа на социјалната заштита, како и други пропратни активности.
Согласно насоките добиени од ООН, темата која е поставена за одбележување на овогодинешниот Меѓународен ден за лицата со попреченост е „Зајакнување на лицата со попреченост и обезбедување на инклузивност и еднаковост’’.