Од 09 до 13 октомври 2015 година, делегација предводена од Градоначалникот на општина Крива Паланка, г.Арсенчо Алексовски, претседателот на Совет на општина Крива Паланка, г.Борче Стојчевски, претставник од ПЕ на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, г.Славче Станковски, како и г.Миле Величковски претставник на производителите на храна, на покана на општина Грос-Зимерн од Германија остварија студиска посета во рамките на проектот „ Би(о)латерално и смисловно користење на ресурсот храната“.
Покрај студиската посета, градоначалниците на општините Крива Паланка од Република Македонија, Грос-Зимерн од Германија, Ригнано сулл Арно од Италија и Бургберг од Романија потпишаа договор за соработка со цел во иднина овој проект да продолжи во сите општини потписници на договорот, а во насока за проширување на органско земјоделско производство.
[embpicasa id=”6205500031542174305″]