Во насока на побрзо и поефикасно разрешување на проблемите со кои се соочуваат граѓаните веќе една година успешно функционира веб апликацијата Е-Општина – Пријави проблем. Системот овозможува во секое време од денот, седум дена во неделата, преку интернет порталот на општината, граѓанинот да може да пријави комунален проблем кој општинските служби ќе се обидат да го решат во најкраток можен рок.
Преку директната адреса http://service.www.krivapalanka.gov.mk/ или преку интернет страницата на општината www.krivapalanka.gov.mk, се доаѓа на платформата каде се наоѓа формуларот за пријавување проблеми.
Можат да се пријават проблеми поврзани со улично осветлување, улици, патишта и тротоари, објекти склони кон рушење, урбана опрема, градба и дива градба, животна средина, отпад, кучиња скитници, јавно зеленило, гробишта, водовод и канализација и сообраќајна сигнализација.
Проектот е реализиран со подршка на УСАИД Проект за локална самоуправа.
Од линкот подолу можете да го преземете упатството за користење на системот